08:13 - 3 април, 2026

Масакр во црква во Нигерија: повеќе од 50 жртви меѓу кои деца, свештеник и неколку верници киднапирани

Вооружени командоси во католичката црква „Свети Францис” користеле и експлозив. Папата се моли за жртвите. 

Во југозападна Нигерија, вооружени напаѓачи пукале во католичката црква Свети Франциск, при што загинале најмалку 50 луѓе, меѓу кои и неколку деца.

Очевидци изјавија за Би-Би-Си дека командосот, кој според првичната реконструкција користел и експлозив, киднапирал свештеник и некои верници кои присуствувале на мисата.

Еден од присутните пријавил дека слушнал силна експлозија и истрели од внатрешноста на црквата и видел најмалку пет вооружени мажи, пред да побегне за да се спаси.

Портпаролот на државната полиција, Ибукун Одунлами, изјави за новинската агенција АФП: „Сè уште е рано да се каже точно колку луѓе загинаа. Но, многу верници ги загубија животите, а други беа повредени во нападот“.

Во моментов никој не ја презеде одговорноста за масакрот, додека сомнежите паѓаат на џихадистичките групи активни во северна Нигерија, почнувајќи од Боко Харам, додека пак, на социјалните мрежи бројни нигериски корисници покажуваат со прст кон групата Фулани – номадска етничка група од Западна Африка, муслимани, посветена на сточарството и трговијата, која често влегува во крвава борба со локалното население, особено со христијаните. Фуланите, со исламска религија, се распространети од Мавританија до Камерун и вкупно бројат до 19 милиони луѓе.

Потсетуваме дека пред една недела беше киднапиран поглаварот на методистичката црква заедно со уште двајца религиозни луѓе на југоистокот на земјата, за чие ослободување се бараше откуп од околу 220 илјади евра. И пред две недели двајца католички свештеници беа киднапирани во Кацина, родното место на претседателот Мухамаду Бухари, и се уште се заложници

Нападот се случи во областа Ондо, позната како една од најмирните области во земјата која секојдневно се занимава со безбедносни проблеми, вклучувајќи го и исламскиот екстремизам.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....