20:05 - 5 април, 2026

Марија Шерифовиќ го откри своето вистинско потекло: Баба ми се молеше, а дедо ми се клањаше

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ ретко открива детали за нејзиниот приватен живот, но овој пат направи исклучок, па во емисијата „Пусти бриго“ која во недела се емитува на телевизија „Курир“ отворено зборуваше за нејзината фамилија.

Имено, музичката ѕвезда на водителката Љиљана Станишиќ ѝ откри дека нејзината баба била христијанка, а пак нејзиниот дедо муслиман.

“Ги презирам сите поделби. Ги презирам сите определби за нации, религии, определби. Зошто? Па, на пример, баба ми се викаше Драгиња. Родена во Шумадија, во Крагуевац. Таа му се молеше на Исус Христос. А на доругата страна, дедо ми беше муслиман. Беше човек кој се клањаше, се молеше на Алах и слично и слично… Јас воопшто не ги делам луѓето, можам само да поделам дали си добар или ѓубре. Ако ние што се занимаваме со музика не сакаме да ги собереме сите овие луѓе и ако музиката не е онаква каква што сме сите на овој Балкан, тогаш нека оди сè по ѓаволите“, рече меѓу другото Марија.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....