21:52 - 9 април, 2026

Маја Шупут бакна обожавател на концертот во Умаг

Маја Шупут во вторникот одржа концерт во Умаг. Таа ја забавуваше публиката со своите најпознати песни, а потоа на сцената ѝ се придружи еден обожавател, кого пејачката го бакнуваше додека тој ја прегрнуваше, пренесува хрватски „Индекс“, а фотографиите можете да ги видите ТУКА. 

Сцената се случи неколку дена откако медиумите ја поврзаа со Шиме Елез од „Господин совршен“. Некои објавија дека Маја и Шиме биле фатени „во страсна романса“ на јахта покрај Брач.

Потоа Маја коментираше за нивната врска. „Видете, ќе го убијам шармот ако ви кажам сега! Би сакала, бидејќи со денови сме први на трендинг, и не знам дали сме во тренд поради песната или дали луѓето само сакаат да видат дали има хемија помеѓу нас или не, па би сакала луѓето сами да проценат кога ќе го гледаат видеото. Дали сме толку добри актери или е вистинска хемија“, изјав 45-годишната пејачка во интервју за списанието „Ин“ .

Шиме исто така се огласи откако јавноста ги виде нивните заеднички фотографии.

„Секогаш сум бил транспарентен, а така ќе продолжам и сега. Во објавениот текст, најмногу ме погоди лажната информација дека Маја ми донела овошје – бидејќи никогаш не би си дозволил таков пропуст. Имено, јас ѝ донесов овошје. Покрај тоа, ви посакувам на сите пријатен остаток од летото и се надевам дека ќе биде како моето. Од дното на моето срце. Поздрав со текстот на песната „Sutra mi sude“, од легендарниот Миша Ковач“, рече Шиме.

Слични објави

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо

Првото јавно појавување на Дарко Лазиќ во Србија по смртта на брат му: Имал една голема причина

Еспресо

Милан Станковиќ во духовна потрага: Велигденскиот пост го минува по манастири со мајка му

Еспресо

(Видео) Рале фатен како купува цвеќе за Ана, додека нејзината ќерка била со него

Еспресо
Се вчитува....