06:09 - 8 април, 2026

Лежерно, а скапо! Цеца ја посети снаата во породилиште во облека која чини колку еден стан

Светлана Цеца Ражнатовиќ го доби третото внуче од синот Вељко и снаата Богдана. Младата мајка и бебето се чувствуваат одлично. Наследникот беше именуван Исаија.

Српската пејачка во породилиштето пристигна со гордиот татко Вељко Ражнатовиќ во лежерна модна комвинација која на прв поглед изгледа скромно.

Но, српските медиуми пишуваат дека модните детали кои Цеца ги носела вредат колку еден стан во Белград.

Цеца со себе имала чанта од светскиот бренд „Хермес“, чија просечна цена е 15.000 евра. Фармерките кои ги носела биле од Ботега Венета кои чинат околу 900 евра, додека очилата од брендот „Мајкл Корс“ чинат 193 евра.

Ражнатовиќ на раката носела часовник „Ролекс“, а за овој модел на луксузниот бренд ѝ било потребно да издвои околу 25 илјади евра.

Интересно е што пејачката во иста комбинација се појави и на големата прослава за раѓањето на Исаија во вилата на Дедиње.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....