17.8 C
Скопје
12:29 - 13 март, 2026

Која е Славица Ангелова, новата кралица на „Ѕвездите на Гранд“: Студира медицина, слуша рок и џез, а менторот го донесе до лудило

Струмичанката Славица Ангелова исплива од сенка до победа во „Ѕвезде Гранда“. Не важеше за фаворит, но по девет месеци натпреварување освои дури 88.367 гласови на финалната вечер, доволно за победа.

Но, која е нашата Славица?

Има 21 година, живее во Струмица, а инаку е многу успешна студентка по медицина.

– Клучот за нејзиниот успех е позитивниот став и јасно зацртаната цел, а Славица никогаш не бегала од работа кога нешто ќе науми. И автентичноста е клучот со кој ги освои симпатиите на публиката. Впрочем, и самиот факт што студира медицина, кој важи за тежок факултет зборува за нејзните изградени работни навики  – објаснуваат од тимот на „Ѕвезде Гранда“.

Нејзиниот репертоар е шаренолик.

– Генерално сушам што срцето ми зборува и како се чувствувам, така и пренесувам, односно отпејувам. Мислам дека секој треба да биде оригинален и да го покаже тоа што го има во себе, зашто сите ние сме различни. Приватно слушам сè, и фолк и рок, и џез и блуз. Подеднакво сè обожавам – открива Славица.

Често за време на натпреварувањата влегувала во конфликт со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, поради што рокерот се фаќал за глава од мака.

– Не би знаела тоа да го објаснам, тоа ми се случува во мигот. Ние постојано се договараме за време на целото натпреварување, и секогаш се обидувам да го испочитувам тоа што сме го договориле на проба, но едноставно, некогаш така ми доаѓа и знам малку да ја „зезнам“ ситуацијата. Но се надевам дека на крајот се е сепак добро, како и овојпат – заклучува новата кралица на „Ѕвездите на Гранд“.

Со какви подароци и награди Славица ќе се врати во Струмица: Еве што сè добива кралицата на „Ѕвездите на Гранд“

 

Слични објави

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо
Се вчитува....