4.8 C
Скопје
08:45 - 16 ноември, 2024

Кој беше Пако Рабан: Жил Верн на виоката мода израснат со баба маѓесничка и мајка комунистка, гениј со успешни пророчки дизајни, и неуспешни трагични предвидувања

Легендарниот моден дизајнер Пако Рабан почина денес, во Франција – каде што живееше, на 89 годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

„Мојот менталитет е двоен, мојата база е шпанска и мојата надворешна култура е француска“, рече своевремено креаторот. Пако Рабан беше роден на 18 февруари 1934 година во Сан Себастијан, Шпанија. Се родил како Франциско Рабанеда е Куерво. Неговиот татко бил генерал, во 1937 година, за време на Шпанската граѓанска војна, бил застрелан од франкоистите. Во 1939 година, по смртта на неговиот татко, Франциско се преселил во Франција со неговата мајка и баба. Според самиот моден дизајнер, „овие жени имале огромно влијание врз него, иако имале директно спротивни ставови за светот“. Неговата баба била исклучително религиозна и во исто време верувала во магија. Мајка му, напротив, била атеист и убедена комунистка, заедно со нејзиниот Франциско ја посетила Москва во 1950 година.

„Се разбира, мојата мајка, марксист, материјалист, силно влијаеше на мене. Таа тврдеше дека религијата е како фудбалот, опиумот за луѓето. Од друга страна, баба ми Кристијан беше наследничка на магионичарите. Токму таа ми ја покажа моќта на каменот, моќта на водата и го објасни значењето на многу магични симболи. Ги обожавав, толку различни – мајка ми и баба ми, и така бев воспитан меѓу две спротивности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

Образование и рана кариера

Во 1952 година, Франциско влезе во Националното училиште за ликовни уметности, на архитектонскиот оддел. За да ги плати студиите, тој создавал модни додатоци и украсни предмети за Баленсијага. Во овој период, неговата мајка работеше во Модната куќа, таа беше асистент на Кристобал Баленсијага.

До 1960-тите Франциско Рабанеда е Куерво реши да го смени своето име и го скрати во Франк Рабан. Дизајнерот верувал дека мистичниот број 13 (бројот на буквите во името и презимето на Франк Рабан) требало да му донесе среќа. По некое време, тој го промени своето име во Пако Рабан. Пако е скратена форма на името Франциско и на грчки значи „гавран“. Во семејството Куерво, оваа птица се сметаше за покровител на семејството. Така, од 1965 година, дизајнерот почна да ги потпишува своите креации со името Paco Rabanne.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Runway Italy🛍 (@runwayitaly)

Блескава кариера

Во 1966 година, дизајнерот ја претстави својата прва колекција на висока мода наречена „12 фустани направени од модерни материјали кои не треба да ги носите“. За да ја покажат работата на Рабан, 12 боси модели со темна кожа излегоа на подиумот во музичка придружба. Тие носеа облека од пластика и метал. Едниот сет беше создаден од алуминиумски плочи и месинг жица, другиот од клешти и слични елементи. Колекцијата доживеа огромн успех. Името на Пако Рабан стана познато низ целиот свет. Некои експерти го нарекоа дизајнерот „Жил Верн на виоката мода“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

Во 1966 година, Пако Рабан воведе и колекција на хартиена облека за еднократна употреба.

Во 1967 година, Пако Рабан ја основа модната куќа Пако Рабан во Париз. Истата година, тој презентираше колекција на фустани направени од алуминиумски дискови поврзани со метална жица.

Во 1968 година, Пако Рабан дизајнираше облека за ликот на Џејн Фонда, Барбарела, од истоимениот филм. Облеката и модните детали создадени од дизајнерот избраа да ги носат Брижит Бордо, Одри Хепберн, Елизабет Тејлор, Франсоа Харди и други. Во 1969 година, дизајнерот го лансираше својот прв парфем, женскиот цветно-алдехиден мирис Calandre.

 

Во 1973 година, Paco Rabanne го лансираше Paco Rabanne Pour Homme, кој стана еден од најпопуларните машки мириси на брендот.

Во 1976 година, Пако Рабан отвори фабрика за парфеми во Шартр, Франција.

Во 1988 година, модниот дизајнер создаде колекција на фустани направени од ласерски дискови, холографски влакна и органско стакло.

Во 1990 година, тој отвори моно-бренд бутик во Париз, главните теми на ентериерот се светлина, стакло и метал.

Во 1992 година, Пако Рабан претстави ретроспектива на својата работа пред Кралскиот двор на Шпанија на изложба во Севиља.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

Заминување на Пако Рабан од Модната куќа

Во 1999 година, Пако Рабан го објави своето заминување од сопствената модна куќа. Во јули истата година, модниот дизајнер ја донесе својата најнова колекција на висока мода есен-зима 1999/2000 година во Москва. По завршувањето на официјалниот дел, полуголи машки модели излегоа на подиумот и го претставија новиот Ултравиолет мирис. Откако ја напушти Модната куќа, Пако Рабан се заинтересира за сликање и графика.

Во 2005 година, дизајнерот одржа изложба на своите слики во Централната куќа на уметниците во Москва. Пако Рабан призна дека почнал да црта уште како дете.

„Цртам од рана возраст. Сега имам седумдесет и две години и сакав да ги претставам моите цртежи пред да умрам. Еднаш му ја покажав мојата работа на Салвадор Дали, а тој рече дека треба да продолжам да сликам. И јас продолжувам да го правам ова, до сега … Во основа, создавам лица и слики кои се рефлектираат во графички цртежи. Тоа се бескрајни форми и обиди да се најде одговорот на прашањето „Зошто? Се разбира, секој си поставува прашања за тоа кои сме, кој сум јас и зошто сум на оваа Земја…“

Едно од најпознатите дела на Пако Рабан прикажува дете кое лансира бел балон и гулаб кон небото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Business (@voguebusiness)

Брендот Paco Rabanne по заминувањето на основачот

По заминувањето на Пако Рабан, во различни години беа создадени колекции за Модната куќа од Розмари Родригез, Патрик Робинсон, Кристоф Декарнин, Аурилен Трембле.

Во 2006 година, активностите на Пако Рабан беа прекинати.

Во 2011 година, Маниш Арора беше назначен за креативен директор на Модната куќа. Истата година на модната недела во Париз беше претставена женската колекција на Пако Рабан за пролет-лето 2012. Во 2012 година Маниш Арора го најави своето заминување од Модната куќа. Неговата позиција ја зазеде германската дизајнерка Лидија Маурер. Во 2013 година, Лидија исто така го напушти брендот.

Од 2014 година, Пако Рабан припаѓа на групата компании Пуиг. Креативен директор на брендот е Џулиен Досена.

Ексцентричности

Пако Рабан е познат по своите ексцентрични изјави на телевизија.

Тој тврдеше дека живеел неколку животи (вклучувајќи го и оној на проститутка во времето на Луј XV), дека го познавал Исус во претходниот живот, дека го видел Бог три пати, дека бил посетен од вонземјани, дека го убил Тутанкамон и дека имал 75.000 години старост.

Во 1999 година, тој објави дека на седумнаесетгодишна возраст имал визии како запалени Парижани биле фрлени во Сена и дека откако ги проучувал другите истовремени пророштва, дошол до заклучок дека вселенската станица Мир ќе се урне во времето на затемнувањето на Сонцето на 11 август 1999. и дека нејзините останки ќе предизвикаат илјадници смртни случаи во Париз и регионот Герс.

На 10 мај 1999 година, тој јавно вети дека повеќе нема да дава предвидувања доколку Мир не се урне врз Париз на 11 август 1999 година.

Слични објави

Старлета шокираше со изјава за Милан Калиниќ: „Се бакнуваше со една жена во соседството иако не беше разведен“

Еспресо

(Видео) Српската војска го забрани: Погледнете го спорниот спот на Лепа Брена, кој итно беше тргнат од ТВ!

К.С.

(Фото) Ѝ се бројат ребрата: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ шокираше со новите фотографии, станала коски и кожа

Еспресо

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо

Инди Арадиновиќ и Зоран Марјановиќ патуваат за Дубаи: Композиторот по осум години првпат ја напушта Србија

Еспресо

(Фото) Анастасија дојде во Белград, ги собра кумовите на едно место и сподели важен момент: Ги воодушеви сите со објавата

Еспресо
Се вчитува....