3.8 C
Скопје
22:17 - 20 декември, 2024

Климатска катастрофа и принц Хари на тронот: Објавени прогнозите на Нострадамус за 2024 година

Во 2024 година, светот ќе се соочува со војна, нов крал и влошена клима. Или барем така тврди францускиот астролог од 16 век Нострадамус.

Принцот Хари би можел да стане крал на Велика Британија во 2024 година, според пишувањата на најпознатиот пророк во историјата, францускиот астролог од 16 век, Нострадамус. Неговото прочуено дело Les Propheties (Пророштвата), објавено во 1555 година, ја предвидува иднината преку 942 поетски стихови. А сега, на крајот на годината, се поставува прашањето што предвидува Нострадамус за 2024 година, пишува Дејли меил.

Претходно, стиховите на Нострадамус се сметаа дека го предвиделе терористичкиот напад на 11 септември, доаѓањето на власт на Адолф Хитлер и развојот на вештачката интелигенција.

Конфронтација со Кина

Џо Бајден и Кси Џинпинг се сретнаа минатиот месец во обид да ги намалат тензиите меѓу нивните земји, но Нострадамус предвиде конфликт со „Црвениот непријател“.

Еден од стиховите опишува „морска битка“, и дека „црвениот непријател ќе бледне од страв, втурнувајќи го големиот океан во ужас“.

Фановите на Нострадамус веруваат дека „црвениот непријател“ е Кина, а референците за поморски конфликт изгледаат морничаво во светло на ескалацијата на дебатата за државата Тајван, чиј остров се наоѓа на раскрсницата на источнокинеското и јужнокинеското море.

И овој конфликт секако треба да се избегне ако во прашање е Кина, бидејќи Пекинг може да се пофали со најголемата морнарица на планетата.

Кралска врева

Во стиховите на пророкот има навестување дека принцот Хари ќе го преземе тронот на Велика Британија бидејќи „кралот на островите“ ќе биде „избркан со сила“.

Британскиот писател и коментатор на Нострадамус Марио Ридинг рече дека во стиховите се чита дека „кралот на островите“ ќе биде протеран и заменет со оној „кој нема да има знаци на крал“. Рединг го толкуваше тоа дека принцот Хари ќе го замени кралот Чарлс на тронот.

Климатска катастрофа

Нострадамус во еден од неговите катрени предвидува дека „сувото ќе стане уште посуво“, а во текот на изминатата година бројот на шумски пожари, поплави и суши веќе нагло се зголеми.

Бидејќи 2024 година доаѓа веднаш по самитот COP28, оваа прогноза на Нострадамус може да се потпре на декемвриските настани во Дубаи, за кои се очекува да соборат рекорди за емисии на јаглерод диоксид – што не е добар знак.

Нострадамус предвидува: „Сушата ќе стане уште посува, а кога тоа ќе се види, ќе настанат големи поплави“.

На друго место тој предупредува болести кои водат до глад. „Многу голем глад преку бран чума“, напишал тој.

Нов папа

Според Les Propheties, кралот на Велика Британија не е единствената голема фигура што треба да биде сменет.

Папата Франциск, кој сега има околу 80 години и од неодамна има здравствени проблеми, наводно ќе ја напушти функцијата во Ватикан.

Еден пасус гласи: „Преку смртта на еден многу стар понтиф, ќе биде избран римјанин во добра возраст, ќе се каже дека го ослабува својот престол, но долго ќе седи и ќе продолжи со горчливи активности“.

Што наводно погодил Нострадамус за 2023 година?

Толкувачот на Нострадамус, Рединг исто така забележува дека некои од предвидувањата на Нострадамус се однесуваат на годината што веќе изминува.

Едно предвидување што може да се примени и за 2022 и за 2023 година се однесува на зголемените трошоци за живот по руската инвазија на Украина.

„Толку високо ќе се издигне грмушка пченица!“ Нострадамус исто така напишал: „Овој човек ќе ги изеде своите ближни“.

Од февруари 2022 година, цените на пченицата се искачија на уште повисоки нивоа од оние забележани по финансискиот пад од крајот на 2000-тите, и тие дури сега само што почнуваат да се враќаат на предвоените нивоа.

И иако пророштвото за канибализам сè уште не се оствари, метафорично ова предвидување може да се примени на крвавата војна меѓу Руската Федерација и Украина.

 

 

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....