09:46 - 10 ноември, 2026

Ким Катрал откри зошто се вратила во улогата на Саманта

Ким Катрал најпрво ја одби понудата на ХБО, а причината беше нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер, а набргу потоа се согласи да се појави, макар и на неколку секунди.

На задоволство на многумина, актерката Ким Катрал се врати во улогата на Саманта во втората сезона на серијата „И, едноставно, така“. Иако се појави само кратко, за неа се зборува со денови.

Ким прво ја одби понудата на ХБО, а најважна причина беше нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер. Кога заедно го снимале филмот „Сексот и градот“, Ким поставила услови кои се поинакви од оние на нејзините колешки, па уште тогаш се појавиле тензии меѓу нив.

Оттогаш Ким и Сара не се во добри односи, но новата сезона на серијата сепак не можеше да помине без пријателството на Кери и Саманта, макар и само на неколку секунди.

Сега Ким откри зошто ја прифатила улогата во втората сезона и кој и бил најголем поддржувач. Станува збор за нејзината мајка, Гледис, која ја охрабрила да се врати и да ги израдува нејзините милиони фанови.

„Мојот идол отсекогаш била мајка ми. За мене, жена во моите шеесетти, мислам дека најголемиот предизвик е да продолжам да бидам релевантна, да продолжам со работа, да имам што да кажам. Иако мајка ми никогаш не можеше да се поврзе со работата која би ја направила среќна, долго време била депресивна и сама, никогаш не го изгубила својот дух. Тоа е нешто што ми го пренесе. Благодарна сум и што ме научи да се бранам и да не дозволувам другите да го контролираат мојот наратив. Тоа е многу важна лекција за младите жени“, рече Ким Катрал

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....