3.8 C
Скопје
20:49 - 20 декември, 2024

Јин-јанг астрологија: Откријте ги своите слабости и квалитети

Секој знак има свои предности и слабости, маани и квалитети, свои благородни и себични страни. Уметноста на живеењето е во способноста да го играме танцот на животот балансирајќи помеѓу спротивностите со цел да пронајдеме рамнотежа. Покрај постојаното движење во ритамот на природата, можно е да го пронајдеме центарот во кој владее целосен мир.

Земјен јин: Бик, Девица, Јарец
Вашата најголема сила е во тоа што цврсто стоите на земја. Покрај постојаните промени на спротивностите, вие сакате смирено и сталожено да се позиционирате како би имале што подобар увид во ситуацијата пред да почнете да делувате. Таа одмереност и сталоженост е воедно и една од причините зошто вашиот знак се смета за пасивен. Постојат моменти и ситуации кога ве обзема тромост, мрзливост, немотивираност или депресија. Склони сте да задржувате предмети, навики, енергија и луѓе. Тешко го напуштате она што ви е веќе познато и сигурно, не сакате промени. Може да ве налутат хаотични ситуации кои ве доведуваат до претерана критичност или строгост во обидот да воведете ред и да наметнете правила.

До средиштето на кругот во кој е потполн мир додека сѐ околу него се врти и менува ќе дојдете доколку научите дека животот е опиплив и цврст, сигурен и постојан и покрај постојаните промени. Основните животни потреби како храна, топлина, љубов, сигурност, секогаш во суштина ќе останат исти. Имајте повеќе доверба во животот кој секогаш ќе ви отвори нова врата. Пронајдете ред во своите мисли наместо да инсистирате на надворешен ред. Оставете ја енергијата на вашиот живот да тече бидејќи тоа е единствениот начин да ви се врати она што го сакате.

Воден јин: Рак, Риби, Скорпија
Јин квалитетот на вашата животна енергија произлегува од интуитивностa и чувствителностa. Особената чувствителност на скриени чувства, расположенија и внатрешни состојби понекогаш ве прави ранливи, но сепак способни за големо сочувство и длабоко разбирање. Имате потреба да изградите емотивна сигурност и да се заштитите од можни емотивни повреди, па тоа може да доведе до нарушување на рамнотежата во однос на чувствата на љубомора, емоционална уцена или бегство во светот на фантазијата. Склони сте да се врзувате со луѓе и навики бидејќи тоа ви дава привидна сигурност. Исто така се обидувате да ја контролирате ситуацијата со цел да се заштитите.

Ќе дојдете во рамнотежа кога ќе го отворите срцето подготвени за ризици и кога ќе сфатите дека безусловната љубов е најсилен штит. Вашето срце е храбро и силно, вашата интуиција секогаш ви го покажува вистинскиот пат, само мора да научите да го слушате нејзиниот глас. Вашите чувства се скапоцени, не дозволувајте да ги засенат вашите стравови. Ускладувањето на јин и јанг во вашето битие одлично се реализира преку креативни активности. Тоа може да бидат зборови, музика, бои, готвење, животни или деца. Бидејќи не ве плаши хаотичниот свет на чувствата, од богатите и топли води на својот внатрешно свет ископајте бисери и корали кои ќе ви го украсат живот.

Воздушен јанг: Близнаци, Вага, Водолија
Јанг квалитетот на вашиот знак се рефлектира во реализирањето на идеи, брзите реакции и импресивната интелигенција која ви го отвора светот и неговите чуда. Постојаната интеракција со околината, луѓето и случувањата ве прави неуморни истражувачи, гладни за знаење, возбуда и комуникација. Рамнотежата ја губите кога вашите идеи постануваат поважни од реалноста. Вистинскиот свет со својата несовршеност може да ви постане здодевен, а вашиот разигран и љубопитен дух – површен и ладен. Кога во име на принципите и ставовите ги занемарувате чувствата, кога ладните идеи и ставови ја заледуваат топлината на вистинскиот живот, тогаш го заигрувате вашиот животен танц далеку од неговата сигурна и мирна средина.

Своето знаење и разбирање на животот применете го на практичен начин. Запомнете дека во сите, дури и во најмалите работи се рефлектираат истите оние вештини и идеи кои се бараат во големиот свет. Немојте да ги занемарувате луѓето и нивните чувства, а особено не своите. Дозволете мудроста на срцето да го поведе вашиот ум. Вашето срце ќе ги натопи сите планови и идеи со топлината на чувствата, кои ќе привлечат луѓе и случувања какви што сакате. Така вашата игривост, веселост и интелигенција ќе засјаат со вистинско разбирање на животот.

Огнен јанг: Овен, Лав, Стрелец
Активниот квалитет на основната животна енергија ве држи во постојана состојба на спремност за предизвици. Имате потреба да си ја испробувате силата и да докажувате дека сте посебни. Вашата верба во себе и жед за животот можат да ја пренагласат важноста која ја давате на своето его. Од него произлегува потреба да се фалите со своите способности и успеси. Ако заборавите на другите и почнете да мислите дека сте поважни од останатите, дека секогаш сте во право и дека сѐ се врти околу вас, длабоко ќе ја нарушите својата животна рамнотежа.

Вашето немирно срце е полно со планови, воодушевувања и топлина кои можете несебично да ги споделувате без страв дека ќе се потрошат. Кога во себе ќе ја препознаете својата сила, ќе знаете дека ништо не може да ја исцрпи или намали – тогаш можете да им дозволите и на другите да сјаат во ваша близина. Вие сте предводник кој на другите им го покажува патот, основач и визионер кој ги инспирира другите. Ќе научите дека што повеќе давате, толку посилно сјае вашето светло за другите. На тој начин ќе бидете блиску до своето средиште, во кое баш како сонцето кое ги осветлува сите планети и им дава живот, вашите вредности и сила немаат крај. А тоа чувство ќе ви овозможи мир и сигурност во целосна хармонија.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....