16:33 - 6 април, 2026

Јелена Розга никогаш побрутална: „Изгледаат страшно смешно, се уништуваат со тие големи усти“

Хрватската пејачка Јелена Розга го осуди прекумерното користење на естетски зафати, нагласувајќи дека природната убавина нема цена.

Розга, која ужива во врската со Иван Хуљиќ, кој е 11 години помлад, им порача на девојките да внимаваат на кого се восхитуваат и кои им се пример.

– Сè што е умерено е убаво. Кога гледам убави девојки со совршени црти на лицето, не можам да разберам зошто се уништуваат со големите усни. Не би рекла дека не е убаво, туку дека е маскарадно. Навистина не треба да изгледаат како онаа девојка на Инстаграм што сите ја гледаат – тие се природно убави и не треба да се менуваат – го изнела својот став пејачката.

Иако често добивала комплименти за својот изглед и нозе, Розга признава дека не ги гледа како главна мерка за вредност.

– Не се оптоварувам кога некој ќе напише нешто грдо за моите нозе. Тие се вистински балетски, резултат на 12 години балет. Важно ми е да се чувствувам добро во сопствената кожа, а што мисли или коментира некој – не ми е важно – изјавила Розга за „Блиц“ и додала дека многу води сметка за своето тело.

– Се негувам и внимавам на мојата кожа отсекогаш. Не сум била на сонце речиси 20 години, иако би сакала да добијам исончан тен. Со мојата светла кожа, веднаш горам, што предизвикува чешање и проблеми. Затоа одлучив да останам вака убаво бела. Редовно одам на третмани и ја негувам кожата дома. Уживам во кремовите, маслата и маските за лице, затоа што потоа моето тело и дух се освежуваат – објаснила Розга.

 

Слични објави

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....