18:48 - 2 април, 2026

Јелена Карлеуша потроши 20.000 евра на патувањето во Париз! Пејачката со ќерките престојувала во луксузен хотел и платила по 1.850 евра за една ноќ

Јелена Карлеуша реши да ги изненади своите ќерки Атина и Ника со роденденско патување во Париз, каде поминаа неколку дена.

Пејачката за ова кратко патување издвои речиси 20.000 евра, а нејзините сакани, продуцентот и таа престојуваа во еден од најлуксузните хотели во француската престолнина, каде ноќевање моментално е 1.850 евра по лице, пишува српски „Курир“.

Станува збор за хотел кој го обожаваат сите светски ѕвезди во строгиот центар на Париз, а на своите гости меѓу другото им нуди и ресторан со две Мишелин ѕвезди, како и огромен спа центар од 900 квадратни метри. Секоја соба има прекрасна тераса со поглед на Париз, а се наоѓа на само 150 метри од познатиот плоштад Вандом и десет минути пешачење од Елисејските полиња.

Јелена престојува во градот на светлината неколку дена, а оваа прилика ја искористи за своето омилено хоби – шопингот. Со оглед на тоа што хотелот се наоѓа на улица каде што своите бутици имаат најпознатите светски брендови, сигурно нема да ѝ биде тешко.

Инаку, Јелена при посетата на Париз го посети и Дизниленд со своите ќерки. На патувањето не отишол со нив поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, но се потрудил да ги изненади своите деца, па испратил два букети цвеќе во луксузниот хотел.

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....