14.8 C
Скопје
17:34 - 16 март, 2026

Јаде бургери а сепак е фит: Сопругата на Дарко Лазиќ откри како тој го прави тоа!

Катарина Лазиќ, сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, откри како нејзиниот сопруг успешно ослабува без да се откаже од омилената храна. Благодарение на нејзината посветеност на здравата исхрана, Дарко го промени својот начин на живот, а едно јадење стана неопходно во неговото мени, а тоа е фит бургерот.

– Дарко е голем гурман, но јас успевам да подготвам сè што му се допаѓа во поздрава верзија. Фит бургер му е омилено јадење, дури и додека беше на строга диета – рекла Катарина, а потоа открила како го подготвува неговото омилено јадење.

– Потребни состојки се 200 г мелено мисиркино или пилешко месо, зачини, малку сода бикарбона, едно јајце, малку сусам, едномпарче кашкавал и прилози по желба. Го зачинувам меленото месо и додавам прстофат сода бикарбона за да биде воздушесто, потоа ја обликувам плескавицата и ја печам во малку маслиново масло. Додека се пече, матам една белка во снег, полека ги додавам жолчките, ги делам на два дела и ги правам како две лепчиња. Го готвам во тава од двете страни по една или две минути. На едната страна од лепчето наросувам малку сусам за да изгледа како вистинско лепче. Ставам едно парче кашкавал и одозгора ја ставам салатата, плескавицата и другиот дел од лепчето и тоа е тоа. Ова е вистински фит бургер кој не дебелее, има многу малку јаглехидрати и дури 60 грама протеини – изјави Катарина.

Слични објави

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо
Се вчитува....