11.8 C
Скопје
15:08 - 20 февруари, 2026

Ја злоставувал 8 часа, а потоа ѝ фрлил киселина во лицето: Мисицата после 400 операции докажува дека чуда се можни

Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога бившото момче кое ја демнело најмило професионалец да ја полие со киселина. Таа денес гласно зборува за она што го доживеала за да им помогне на жените кои биле жртви на некаков облик на насилство.

Таа 2008 година, Кејти имала сè за што сонувала – била на врвот на кариерата, ја имала освоено титулата Мис Винчестер, работела како водителка и модел, заработувала многу пари…

Нејзиното тогашно момче, Даниел Линч, во напад на љубомора ангажирал професионалец кој ја полил Кејти со сулфурна киселина, а по овој монструозен чин кожата на лицето целосно и се стопила, коските и биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а повредени и биле очите и делови од раката.

Меѓутоа, тоа не било се. Даниел претходно ја силувал и малтретирал цели 8 часа. Киселината била само „завршување на неговата одмазда“.

Напаѓачот мирно одел по улицата додека не наишол на Кејти, а потоа фрлил киселина врз неа. Девојката во агонија истрчала во првото кафуле каде што гостите и помогнале.

Повредите биле страшни, а фотографиите направени околу една година по инцидентот сведочат за состојбата во која се наоѓала Пајпер.

Досега имала околу 400 операции, а последната била трансплантација на кожа на десниот очен капак.

Првиот пат кога сфатила дека мора да раскаже за се што проживеала било речиси 2 години по ужасниот инцидент. По криењето од луѓето и паничниот страв од мажите, сфатила дека мора да ја врати контролата, а еден од начините бил јавно да зборува за се и со тоа да им помогне на другите жени кои преживеале некаков облик на насилство.

„Се сеќавам на времето кога не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека зборувањето за оваа траума беше невозможна мисија во тоа време“, рече тогаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Piper OBE (@katiepiper_)

Многу и помогнало тоа што набрзо по нападот полицијата успеала да го лоцира, а потоа бил осуден на доживотен затвор.

Денес, Кејти е инфлуенсерка, радио водителка и ТВ-личност и ги користи своите платформи за да им помогне на сите што поминал низ нешто слично. Поради нејзиниот позитивен став, таа ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа напиша три книги за своето трагично искуство, а во 2011 година беше прогласена за жена на годината.

Среќата ја нашла и на љубовно поле.
Иако мислела дека никогаш повеќе нема да може да има доверба во ниту еден маж, Ричард Џејмс Сатон бил упорен да ја придобие, а двојката го кажала судбоносното „да“ на тајната венчавка во декември 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Piper OBE (@katiepiper_)

Во меѓувреме добија и две деца, две ќерки, Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а како што вели, кога ќе пораснат ќе им ја раскаже целата приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Piper OBE (@katiepiper_)

Слични објави

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо
Се вчитува....