23:50 - 11 април, 2026

Избрани 10-те финалисти за Евровизија на првата полуфинална вечер, рекордна активност на Твитер на евровизиските хаштази

Вчеравечер се случи првото полуфинале на музичкиот настан Евровизија, 17 песни, кои претставуваат исто толку земји, се натпреваруваат да освојат едно од 10-те места за влез во големото финале кое ќе се случува во сабота.

Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија, Холандија, претставниците на овие земји одат понатаму во натрпеварувањето, додека претставниците на Албанија, Летонија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија не се пласираа во финалната вечер.

Изборот за песна на Евровизија, кој се враќа во Италија по 31 година, има одличен почеток, барем што се однесува до социјалните мрежи и конкретно до официјалните хаштази поврзани со настанот.

Во приближно два часа директен пренос од Пала Олимпико во Торино, во кој беа објавени најдобрите 10 финалисти, цела вечер беа во тренд хаштагот #Eurovision и #ESCita. Хаштагот #Eurovision дефинитивно ги надмина веќе одличните бројки од првото полуфинале минатата година, со преку половина милион твитови произведени од корисниците на интернет за целото времетраење на настанот (повеќе од 560.000 во 23:15 часот и речиси 600.000 во 23:30 часот), за разлика од 400.000 од првото полуфинале во 2021 година.

 

 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....