27.4 C
Скопје
20:58 - 25 јуни, 2026

Историја – Игор Џамбазов сподели вредна архивска снимка од татко му Александар

Вредна архивска снимка од својот татко, композиторот Александар Џамбазов, сподели актерот Игор Џамбазов.

Видеото е од времето кога маестро Џамбазов бил многу млад, во 1967 година.

„Интервју со младиот и талентиран композитор Александар Џамбазов, по повод наградата што ја добива за најдобра композиција на конкурсот на Радио Скопје. Следната година ќе се одржи првото издание на Скопскиот фестивал. Останатото е историја“, напишал Џамбазов во описот на видеото, арховска снимка од МТВ.

На видеото, водителката го прашува композиторот Александар Џамбазов, како еден од добитниците на награда за композиција, што е инспирацијата во текстот.

„Тоа е една песна од нашиот поет Михо Атанасовски, со наслов ‘Месечева љубов’. Што е тоа што ме инспирираше во тој текст? Пред сè, неговата необична содржина и оригиналност, од една страна. Од друга страна пак, тематски тој текст ме потсетува на црнечките спиритуали“, вели во видеото младиот Џамбазов.

Скопски фестивал е еден од најстарите македонски музички фестивали, основан во 1968 година. Низ децениите, тој претставува столб на македонската забавна музика и отскочна штица за многу домашни пејачи.

Фестивалот е основан во организација на тогашната Радио-телевизија Скопје, денешна МР). Првото издание се одржува во Универзална сала, и означува почеток на модерната македонска забавна музика.

Маестро Александар Џамбазов е еден од клучните коосновачи и столбови на Скопскиот фестивал уште од неговото прво издание. Како долгогодишен диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар на тогашната Радио-телевизија Скопје, неговиот придонес го обликуваше звукот на македонската забавна музика.

Како назначен диригент на Танцовиот оркестар (од 1964 година), тој беше човекот со диригентската палка кој во живо ги водеше сите оркестарски аранжмани на Скопскиот фестивал во неговите најблескави години во Универзалната сала. Неговата професионалност постави високи стандарди за фестивалското изведување на Балканот.

Џамбазов ја напишал „Срамежливи“ (или позната како „Срамежливи луѓе“) еден од најголемите хитови на првиот фестивал. Оваа изведба имала два дуета: Виолета Томовска и Диме Поповски и Љупка Димитровска и Зафир Хаџиманов.

Во 1970 година, Џамбазов учествува со две силни композиции кои освојуваат награди од стручните жирија. Песната „Да нема разделби“ го освои третото место, а ја пееја Лео Мартин и Ладо Лесковар. Еден од најголемите хитови „Охрид и јас“ која доби награда од Друштвото на композиторите на Македонија ја пееја музичката дива од Хрватска Тереза Кесовија и хрватскиот пејач Миро Унгар.
Џамбазов има напишано преку 150 забавји песни, меѓу кои и: „Логорска“, (1963), „Пелистерски очи“, (1963), „Црвени каранфили“(1965), „Дојди“, (1967), „Јужна ѕвезда“ (1968), „Довидување“, (1969), „Да нема разделби“, (1970, „Само ти“, (1971); „Запрете возови“,(1974), „Илинденска“, (1984) и „Татковина“, (1984), според информациите на СОКОМ.

Маестро Александар Џамбазов е роден во Стапар, Војводина, на 3 февруари во 1936, а почина на 25 јануари во 2022 година во Скопје.

Слични објави

Ќе ти донесам 24 бели рози – мајката на Фросина Кулакова со срцепарателен статус за нејзиниот роденден

Еспресо

Десингерица живее во скромен стан, а пред него паркирано ферари, вози автомобили од 2 милиони евра!

Еспресо

„Летав 86 метри, ребрата ми беа скршени“: Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац за страшната сообраќајка

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е сколиоза, како да ја препознаете кај детето и како се третира?

Еспресо

(Фото) „Се мажам следниот петок“: Ава Карабатиќ го пријави свршеникот за насилство, му прости сè, па ја закажа свадбата

Еспресо

(Видео) По повеќе од десет години „Убава“ доби спот — Марија и Бојан од „Ај Кју“ снимаа на својата свадба во Грција

Еспресо
Се вчитува....