2.8 C
Скопје
07:59 - 7 октомври, 2026

Ќе ти донесам 24 бели рози – мајката на Фросина Кулакова со срцепарателен статус за нејзиниот роденден

Мајката на трагично починатата Фросина Кулакова, Камелија, сподели срцепарателна објава по повод роденденот на својата ќерка.

Фросина Кулакова, младата и талентирана дизајнерка трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, оставајќи зад себе семејство, пријатели и недоискажани соништа. Нејзината смрт силно одекна во јавноста, а нејзиното име и понатаму се поврзува со иницијативи и сеќавања кои ја слават нејзината светлина.

Во својот статус, мајката Камелија ја опишува болката од загубата, но и силата на љубовта што продолжува да живее преку сеќавањето и хуманите дела кои се поврзуваат со името на нејзината ќерка.

„Тебе ти ја одзедоа иднината, а ти сè уште им ја подаруваш на другите. Ти ги одзедоа годините што требаше да дојдат.

Креациите што уште не беа нацртани. Патувањата што уште не беа започнати. Љубовта што требаше да расте. Домот што требаше да го создадеш. Децата што можеби еден ден ќе ги држеше за рака.
Ти го одзедоа утрето. Но, не успеаја да го одземат она што го остави зад себе. И затоа, на денот кога требаше да наполниш 24 години, ќе ти донесам 24 бели ружи.

Ќе запалам една голема свеќа за животот што го изживеа со толку многу светлина. И 24 мали свеќи за секоја година што засекогаш ќе ја носам во срцето. А, додека пламените треперат покрај твоето име, повторно ќе се роди нечиј сон преку стипендијата што го носи твоето име.

Колку е чуден животот… Тебе ти ја одзедоа иднината, а ти сè уште создаваш иднина за други. Тебе ти го одзедоа патот, а ти сè уште им осветлуваш пат на други. Тебе ти го одзедоа гласот, а твоето име сè уште зборува. И можеби токму во тоа е победата на љубовта над смртта. Затоа што постојат луѓе кои заминуваат. А, постојат и души кои продолжуваат да живеат во секое добро што ќе го остават зад себе.

Среќен 24-ти роденден, Фросинче мое. Денес нема да броиме години. Денес ќе ја броиме светлината. Мама“, пишува во објавата.

22-годишната Фросина Кулакова трагично загина на 29 јануари минатата година, откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....