2.8 C
Скопје
20:54 - 18 декември, 2024

„Има опасност да ми ја отсечат ногата“: Милиќ Вукашиновиќ проговори за неговата здравствена состојба

Претходните месеци беа исцрпувачки за познатиот рокер Милиќ Вукашиновиќ. Откако му беше откриена зголемена аневризма на левата нога, тој мораше да оди на операција за да избегне ампутација на долниот екстремитет.

Закрепнувањето не поминало добро бидејќи се заразил со болнички бактерии, а после тоа му нашле вода во белите дробови и морал да користи кислород. А потоа следеше срцев удар.

Тој во интервју за „Блиц“ ја откри својата моментална здравствена состојба.

„Јас ја оперирав левата нога, каде ми вградија вештачка вена, а требаше да се оперира и десната. Ми останаа четири аневризми кои не се премногу големи. Меѓутоа, кога десната нога почна да ме боли стапалото, отидов кај истиот хирург, тој го направи скенирањето и рече дека не може да се оперира ногата, бидејќи крвните садови ми се мали и расфрлани од коленото надолу. Не успевам да го вратам протокот на крв во таа нога, постои опасност „Ризично е да се отвори ногата, бидејќи ќе треба да се отсече, доколку не успее“, започнал тој.

Како што рече, денеска зема неколку различни терапии.

„Пијам разни терапии. Имам терапија за притисок, за нога, имам две терапии за разредување на крвта, пијам шест до седум таблети за одржување на срцето и крвните садови“, изјавил рокерот за „Блиц“.

Иако се подготвувал за операција на срцето, тоа не се случило бидејќи рокерот имал лоша крвна слика, но сега, по се што помина, се чувствува добро.

„Срцето ми е добро, сакаа да направат два стента, но поради болничките бактерии многу се ослабнав, добив пневмонија, вода во белите дробови, срцев удар, лекарите ми ги спасија белите дробови и срцето, но не можеа да вметат стентови бидејќи бев анемичен, морав да ја поправам крвната слика, бев сосема добро… Најдобар доктор за слабо срце е мојата докторка Драгана. Задоволна е, срцето е во ред. Имам уште еден преглед за еден месец“, рекол Милиќ.

Во сето тоа најголема поддршка му е сопругата Сузана, без која, како што вели, не би можел се да постигне.

„Таа денес отиде на лекар со мене. Се исплашив дека повторно ја добив болничката бактерија, па само отидов на инфективната клиника, резултатите ќе бидат наскоро готови. Дијареата престана, не беше болнички бактерии, фала му на Бога, да не беше Сузана, не знам како ќе го пребродев сето ова. Љубовта има најголема вредност во животот, ние се почитуваме и се сакаме по толку години“, заклучил ркерот.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....