6.8 C
Скопје
08:14 - 1 април, 2026

„Им презентираат на децата дека е во ред да изгледаш како проститутка“: Српската пејачка удри по старлетите

Неодамна српската пејачка Марина Тадиќ гостуваше во една емисија каде беше отворена темата за денешните стандарди за убавина, а пејачката отворено проговори за она што особено ја мачи во денешно време.

„Немам ништо против жените кои се грижат за себе, јас сум против тоа што има жени кои не треба да бидат на сцена, во разни реални шоуа, на разни емисии, жени од улица, жени со сомнителен морал, нема да речам старлети и да украсувам! Им презентираат на децата дека е во ред да изгледаш како проститутка. Тоа не е во ред. На секој канал, во сите медиуми, на социјалните мрежи 90 отсто такви се жените“, истакна Марина.

„Денеска децата од 15 години бараат од родителите да им ги направат градите, усните и нов нос за роденден!“, додаде таа.

Бидејќи пејачката била видно вознемирена и бурно реагирала, нејзиниот колега Адил Максутовиќ, кој исто така бил гостин, на шега неколку пати ја замолил да се смири.

„Треба да се грижиш за себе и да го живееш фактот дека си девојка, ќе дојде време кога ќе бидеш жена. Да не им кажуваме на децата дека ова однесување е во ред, дека на 20 години велат дека ќе се омажат за некој кутар и измачуван фудбалер кој трча по топката и ги троши тие пари. На 25 години повторно не е среќна! Работете на образование и патување! Премногу молчевме!“, искоментирала Марина.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....