16:38 - 8 април, 2026

(Фото) И сестрата на Карла Бруни денес блесна во Кан, која е Валерија Бруни и зошто е на црвениот тепих?

Валерија Бруни Тедески денес присуствуваше на проекцијата на филмот „Засекогаш млади (Les Amandiers)“ за време на 75-тиот филмски фестивал во Кан, ден по синоќешното блеснување на сестра ѝ, моделката Карла Бруни. 

Но, која е Валерија Бруни? Додека Карла е супермодел од 90-те, денес текстописец и музичарка, но и позната по бракот со Никола Саркози, Валерија е успешна актерка и режисерка,.

Односите меѓу двете, сепак, не се идилични. Прашањето јавно излезе на виделина со објавувањето на филмот „The vacationers“ кој ја раскажува приказната за нивното семејство помеѓу реалноста и фантазијата. Филмот кој излезе мината година е имагинарна автобиографија на Валерија Бруни Тедески, која се игра себеси во ликот на Ана и ги режира нејзината мајка Мариса Борини и тетка Џиџи. Нејзината сестра Карла Бруни никогаш не сакала да учествува во нејзините филмови. „Редовно ѝ нудам, но таа не сака. Не го чувствува тоа. Работеше со Вуди Ален, но повеќе сака да пее“, изјави режисерката неодамна за списанието „Амика“. Нејзините зборови тогаш ги потврди и самата сопруга на Никола Саркози, која жестоко го критикуваше филмскиот производ: „Го сметам дека е ужасен, многу ме вознемирува. Мислам дека тоа послужи за манипулирање на моето семејство “.

А за ликот пак, на Карла, во филмот самата Карла рече: „Луѓето нема да разберат дека се е преобразено, па ќе мислат дека ова сум јас и многу ми е жал за тоа“, изјави таа лани за „Франс Интер“.

Но таков не беше случајот во 2017 година, кога се појави филмот во режија на Валерија, насловен „Ла паца џоја“,  реакцијата на манекенката и текстописецот беше многу поинаква од претходните филмови. „Многу добар фил. твојот талент и убавина растат со текот на времето. Горда сум што сум твоја сестра“, напиша Карла на социјалните мрежи во 2017 година.

Затоа, во јавноста е познато дека врската меѓу двете сестри секогаш се карактеризирала со подеми и падови. Двете сестри имаа и брат, Вирџинио Бруни Тедески, кој починал во 2006 година. Тој имал само 47 години и подлегнал на компликациите на болеста со која се борел долго време: СИДА-та. Драматичниот настан длабоко го промени нивното семејство.

(Фото) Модни изгледи на петтата вечер на црвениот тепих во Кан: Карла Бруни го украде вниманието

Слични објави

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.
Се вчитува....