13:20 - 6 април, 2026

Халид Бешлиќ ја напуштил болницата? Контрадикторни информации за состојбата на пејачот, се огласи менаџерот

Клиничкиот центар во Сараево наводно дал информации дека пејачот Халид Бешлиќ ја напуштил болницата, додека неговиот менаџер го тврди спротивното.

Фолкерот Халид Бешлиќ, кој веќе неколку дена е сместен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, ја напуштил болницата.

Пејачот бил сместен на одделение на нефрологија поради проблеми со црниот дроб и бубрезите, а сега од болницата потврдиле дека е отпуштен.

„Халид Бешлиќ повеќе не е на клиниката, ја напушти болницата. Нема никакви промени, исто е како вчера“, потврдиле од болницата, пишува српска „Република“.

Недолго по веста дека фолк пејачот ја напуштил болницата, неговиот менаџер Дамир Римљек изјавил дека Бешлиќ е сè уште во болница.

„Не е вистина дека Халид ја напуштил болницата. Ги кажав сите информации за неговата состојба, ништо не се променило“, изјавил менаџерот за истиот портал.

Во текот на претходните денови, на Халид Бешлиќ му упатија поддршка многу колеги од естрадата. Меѓу нив е и Саша Ковачевиќ, кој неодамна одржа концерт во Сараево и во таа прилика накратко го прекина настапот поради Халид.

Во текот на концертот, Саша направил пауза за да им се обрати на присутните и да му упати зборови на поддршка на својот колега Халид Бешлиќ.

„Најголемиот поздрав и љубов што можам да му ги испратам на нашиот Халид Бешлиќ, за кого слушнав дека за жал е во болница, па да го поздравиме со оваа песна. Му испраќаме многу љубов од Сараево“, рече Ковачевиќ.

 

Слични објави

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо
Се вчитува....