7.8 C
Скопје
09:25 - 31 март, 2026

Ѓорѓе Давид првпат се огласи на социјалните мрежи по несреќата: Еве кој бил со него во тешкиот период

На 20 јануари, Ѓорѓе Давид , рок музичар и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, имаше сообраќајна несреќа во Македонија, во која една жена го загуби животот.

Оттогаш Ѓорѓе ги минува најтешките денови во животот, а многу негови блиски пријатели и студенти го поддржуваат.

На оваа тема сега преку социјалните мрежи се огласи и последната победничка на овој натпревар, Славица Ангелова, инаку ученичка на Давид.

– Целата моја љубов и поддршка ја испраќам до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и човечка големина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, но неговото срце и душа се толку искрени. Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатите во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови – напиша Славица, а пејачот и возврати со својата прва објава на интернет.

– Ти благодарам сине – одговори Ѓорѓе.

Ѓорѓе по несреќата зборуваше за медиумите и откри што се случило.

– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина и крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена. Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам приведен бидејќи не сум виновен. Имав мала скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во шок, ова е пекол. Имам два конци на левата рака поради исеченици од совозачкото седиште, кое пукна. Му благодарам на Бога што имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше – изјави Ѓорѓе за „Гранд“.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....