7.8 C
Скопје
22:46 - 30 март, 2026

(Фото) Ѕирнете во домот на Ведрана Рудан: Контроверзната писателка живее во куќа стара 400 години

ведрана рудан

Познатата писателка Ведрана Рудан во една прилика покажа како изгледа нејзиниот дом во Хрватска.

Ведрана Рудан живее во Риека, а своевремено ја угости екипата на РТС и откри многу приватни детали, но и како изгледа нејзиниот дом.

– Сопругот ја најде оваа мала, стара куќа. Мислам дека овој објект е стар 400 години, тој е споменик од нулта категорија – истакнала Ведрана.

– Кога ја видов таа руина, јас се згрозив. Ми се допадна, но му реков на мојот сопруг: „Не ме прашувај ништо кога ќе се заглавиш со мајсторите“. И до ден-денес така остана, постојано правиме нешто низ дома – рекла таа во емисијата „ТВ лица како целиот нормален свет“.

– Во една прилика мајсторот ме навреди кога дојдов да го земам својот сопруг за да одиме во кафуле: „Остави го на мир, ова е најлошата жена на светот“. Јас му возвратив: „Како не ви е срам да зборувате така, ние првпат во животот се гледаме, а вие зборувате глупости“. Па дури тој ми порачува: „Јас ти ја изградив куќата, жено“. Потоа му реков дека е квалификуван за тоа што го зборува, но секако му ја испив крвта – изјавила Ведрана.

– Пораснав покрај море, така што погледот на морето од овде не ме возбудува. Но, секогаш кога сум некаде каде што нема море, секогаш мислам дека мора да има море над зградите и дрвјата во далечината. Тоа е во мене, но не до толку за да шетам сега покрај морето и да фрлам каменчиња – заклучила таа.

Ведрана е родена во Опатија. Во изминатите 20 години таа објави повеќе од десет книги. Рудан е позната по својот остар јазик.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....