7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ ги воодушеви минувачите на улицата „Кнез Михајлова“ кога му се придружи на уличниот музичар и пееше заедно со него.

Самарџиќ, кој неодамна ги воодушеви сите со фотографија со својот внук, одел по улицата, а кога го здогледал уличниот музичар Душан Црнобрња, не можел да одолее да не му се придружи.

Иако Жељко бил облечен во црно, носел капа и очила за сонце, минувачите веднаш го препознале неговиот глас.

Црнобрња и Самарџиќ го отпеале неговиот голем хит „Devet milje metara“, а околу нив за миг се собрале околу мноштво луѓе.

Оваа ситуација ја снимила поранешната членка на српското реално шоу „Задруга“, Софија Уна Маниќ, која шетала со својата ќерка во центарот на градот.

„Кој имал можност да присуствува на ова е богат човек, особено јас како мајка. Не е ли уметност да се направи фантастичен концерт за две секунди, без никакви подготовки, ефекти, пари? Најголема љубов и аплауз“, напиша таа, меѓу другото.

Да потсетиме, по стапките на Жељко тргнала и неговата ќерка Миња, која се занимава со музика, често настапува во клубови, но и со својот татко како негов придружен вокал на концертите.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....