13:46 - 5 декември, 2025

(Фото) Вреден 36.000 евра: Исчезна часовникот „Ролекс“ од раката на починатиот Лијам Пејн

Часот од луксузната марка „Ролекс“ на трагичниот починатиот пејач Лијам Пејн, вреден 36.000 евра, исчезна.

Како што пишува британски „Мирор“, полицијата започнала потрага по луксузниот часовник кој поранешната ѕвезда на „Уан дајрекшн“ го носел само неколку часа пред да падне од балконот на хотелот во Буенос Аирес.

Откако аргентинската полиција уапси три лица осомничени дека се вмешани во смртта на Лијам Пејн, откриено е дека го нема часовникот што го носел пејачот непосредно пред да падне од балконот, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата ги претресла домовите на тројца мажи осомничени за смртта на Лијам, но скапиот „Ролек“ не е пронајден. Локалните медиуми јавуваат дека се претресени и куќите на две девојки кои биле со Лијам во текот на последните часови на неговиот живот. Тие во истрагата се третирани како сведоци и не се осомничени, а часовникот ниту кај нив не е пронајден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Payne (@liampayne)


Според аргентинските медиуми, Лијам носел скап часовник „Ролекс“ кој чини 30.000 фунти (36.000 евра), најмалку два до три часа пред да падне од балконот на хотелот во Буенос Аирес.

Меѓутоа, кога полицајците го прегледале неговото тело, Лијам немал часовник на зглобот, поради што се сомневаат дека е украден непосредно пред неговата смрт.

– Знаеме дека од фотографиите што ги анализиравме, Пејн на денот на неговата смрт носел „Ролекс“. Го носел на едната рака и го држел со себе најмалку два до три часа пред да скокне. Го баравме во собата во хотелот „КасаСур“ каде што престојуваше и не успеавме да го најдеме – изјавиле тие.

Полицајците не го нашле часовникот ниту при претресите во деветте домови на лицата кои биле инволвирани и кои се под истрага за неговата смрт.

„Ги пребаравме домовите на луѓето обвинети за прекршоци за дезертирање и снабдување и олеснување на дрога и домовите на две жени кои беа во собата со Пејн непосредно пред неговата смрт“, додале тие.

Хотелската соба во која престојувал била запечатена, прегледани се снимките од безбедносните камери од 800 часа и сослушани 20 сведоци.

Три лица се обвинети во врска со смртта на Лијам, а еден од уапсените е маж кој се претставува како неговиот менаџер Рохелио Норес. Другите двајца уапсени наводно се хотелски работник и дилер.

Потсетуваме, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство како причина, наведувајќи дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал.

Официјалните лица рекоа дека донеле одлука откако заклучиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот во Буенос Аирес на 16 октомври, имајќи предвид дека имал недостаток на „рефлекси за преживување“.

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....