Голем број луѓе знаат како изгледа српската актерка Слобода Миќаловиќ – Ќетковиќ, а фотографија од нејзиното детство нè враќа неколку децении наназад. Дали е тешко да ја препознаете на таа фотографија?
Широка насмевка, блескав поглед, веднаш сфаќате дека на фотографијата е Слобода Миќаловиќ – Ќетковиќ, актерка која спаѓа во групата на луѓе кои минимално се менуваат со текот на времето.
Познатата Боба многу години по оваа фотографија, се појави на малите екрани, преку серија свои улоги, а на телевизија гостувала и кога имала само девет години. Тоа било во емисијата „Од другата страна на виножитото“ што ја водел познатиот Милорад Мандиќ Манда.
Како водител, Манда посетил многу градови во Србија, па така го посетил и Лексовац, каде што се родила и пораснала Слобода.
– Еве едно девојче од Лесковац… Сонце мало, како се викаш? – ја прашал актерот, а таа со насмевка одговорила: „Миќаловиќ Слобода“.
– Дали си спремна за едно прашање, може? – додал Манда. Малата Слобода одговорила на прашањето, па добила голем аплауз од децата кои исто така биле на снимањето на емисијата.
Инаку, Слобода го добила името по нејзиниот татко, актерот Драган Миќаловиќ.
„Со текот на времето многу ми пречеше моето име, бидејќи никој не се викаше така, колку што знам, освен Слобода Трајковиќ. Таа била свршеница на Иво Лола Рибар. Тоа е една од најубавите и најтрагични приказни во нашата историја. Таа го жртвувала целото свое семејство, така што тие завршиле во гасната комора, бидејќи не сакала да ја оддаде положбата на својот свршеник, Иво Лола Рибар. Знаела дека му следува убиство, бидејќи тој бил еден сериозен револуционер. Постои и тоа познато писмо, поради кое татко ми ми го даде името, а токму Корнилије Ковач, односно групата „Корни“, ја отпеа таа песна. Насловот на писмото е „Единствена моја, ти не го прими ова писмо“. Тоа е последното писмо кое тој ѝ го упатил нејзе, мислејќи дека тој ќе настрада, но за жал, таа прва страдала. Во знак на таа голема љубов, татко ми ја одигра монодрамата Иво Лола Рибар, 300 или 400 пати, а ние како мали ја носевме маицата „Иво Лола“. Тој мислел, ако добие син да се вика Иво, и ако добие ќерка да се вика Слобода, бидејќи мојата Мирјана (сестрата на актерката) се вика по сестрата на Иво Лола Рибар, сето тоа е некако поврзано. Можеби неправдата што ѝ се случила на Слобада Трајковиќ, на некој начин живее преку мене, за да слушнат за неа некои идни генерации. Таа тогаш не починала, напротив, продолжила да живее преку мене, за што особено се радувам. Знам дека петнаесетина мали девојчиња беа именувани по мене, а тие можеби ќе се распрашаат која била Слобода Трајковиќ и јас мислам дека тука мисијата е исполнета“, изјавила актерката за телевизијата К1.
Да потсетиме, Драган Миќаловиќ и неговата сопруга добија три ќерки, Слобода, Мирјана и Драгана.