06:09 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Сергеј Трифуновиќ и 23 години помладата Исидора стапија во граѓански брак: „Штотуку венчани…“

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата 23 години помладата партнерка Исидора Мијановиќ се венчаа пред Бога на 12 мај годинава, во црквата Светите Апостоли Петар и Павле, а судејќи по денешните објави на Инстаграм, тие ја официјализираа својата љубов овој пат со граѓански брак.

Имено, во објавата на актерот која не е придружена со опис, можете да го видите Сергеј со насмевка на лицето и палците нагоре, во знак на одобрување, како стои до својата избраничка, која во прекрасен фустан во боја на јоргован го става својот потпис во матичната книга на венчани. Нивните пријатели и следбеници ги опсипаа со честитки и коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)

Во оваа прилика се огласи и неговата сопруга Исидора, која сподели видео на Инстаграм, во која Сергеј и Исидора се возат во непознат правец додека во позадина се слуша песната на Френк Синатра „Days of wine and roses“. Видеото е во црно-бел формат, а на него стои натписот „Штотуку венчани“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....