00:15 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Празнична атмосфера во домот на Сузана Манчиќ: Водителката пееше на голема забава

Српската водителка Сузана Манчиќ го украси својот стан во центарот на градот, а потоа приреди голема забава на која собра многу пријатели, од кои многумина беа од јавната сцена.

Во оваа прилика од Грција дотпатува и сопругот на Сузана, Симеон Окомокос, а на споменатата забава беа и нејзините ќерки Теодора и Наталија.

На забавата Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ, кумовите на Манчиќ биле „зафатени“ со микрофонот, а во еден момент пеела и нејзината ќерка што ја подигнала атмосферата.

Сузана исто така одлучила да ги покаже своите вокални способности кога ја испеала „Рано је за тугу“, позната песна од Харис Џиновиќ.

Нема сомнеж дека гостите одлично се забавувале, а доказ за тоа се насмевките на нивните лица, а фотографиите и видеата кои беа објавени на социјалните медиуми покажаа дел од атмосферата на забавата.

„Сузана моја… Каква страст! Традиционално украсување на елката во прекрасниот стан на нашата Сузана Манчиќ и нејзините прекрасни ќерки Теодора и Наталија Куниќ. Забава, песни, насмевки, измешани генерации… Со еден збор – уметност на дружење и живеење“, напишала Весна де Винча.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna de Vinca, Ph.D (@vesnadevinca)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....