06:25 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Ја давел, манекенката се онесвестила: Уште една тужба за сексуален напад против Канје Вест

Канје Вест обвинет за сексуална злоупотреба: „Ја давеше, таа се онесвести“

Раперот Канје Вест, се соочува со нови обвинувања. Џен Ен, модел од шоуто „Следен топ модел на Америка“ (America’s Next Top Model), го обвини за сексуална злоупотреба во текот на снимањето на спот.

 


Според медиумите, инцидентот се случил во 2010 година во хотелот Челзи во Њујорк. На снимката Вест наводно им наредил на актерките да се наредат во ходникот, а потоа го вперил прстот кон Ен и им рекол „да му ја дадат оваа девојка од Азија“.

Во својата тужба, Ен наведува дека ѝ било наредено да седне на стол, по што Вест почнал да ја малтретира. „Ова е уметност. Јас сум како Пикасо“, наводно викнал, ставајќи ја раката околу нејзиниот врат.

„Потоа ѝ ја ставил другата рака околу вратот и продолжил да ја дави, симулирајќи орален секс“, се наведува во тужбата.

Манекенката накратко се онесвестила поради недостаток на воздух, а лицето потоа и било покриено со плунка. Обвинението ги опишува постапките на Вест како „порнографско давење“.

Според обвинението, се се случило на снимањето на спотот за песната „In For The Kill“, која Вест ја сними со поп дуото La Roux. Во финалниот спот го нема ниту Вест, ниту Ен.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....