-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

(Фото) Ве водиме на Кос: Колку чини гиро, кафе, пиво, сместување… на островот на Хипократ

Кос е грчки остров, дел од групата од дванаесет, таканаречени Додеканески острови. Љубителите на природата го нарекуваат Градина на боговите поради неговите заштитени шуми, каде што можете да шетате меѓу многуте дрвја и да го гледате зајдисонцето. Љубителите на историјата го нарекуваат островот на Хипократ, во чест на античкиот грчки лекар, роден во Кос. Кос се нарекува и град на контрасти.

Доколку решите летово да направите една необична авантура и да се упатите на овој преубав остров, еве какви цени ве очекуваат.

Претпоставуваме, ќе патувате со авион, освен ако не сте авантуристи или љубители на патувањата, па полека но сигурно да „протркалате“ 1.300 километри, ќе се изнагледате, попатно, убавини. Во тој случај би стигнале таму за околу 18 часа и во еден правец би потрошиле за гориво околу 120 евра.

За сместување во студио за двајца ќе треба да издвоите минимум 50 евра од ден.

А вака изгледаат цените во мaркетите и кафулињата:

вода 1,5 л во маркет – 0.36 евра
леб 1.40 евра
млеко 1 евро
нутела 400 гр 3 евра
чоколадо 1 евро
маслиново масло 1л од 5-15 евра
пиво (лименка од 500 мл) во маркет 1.40 евра
кока кола лименка 1 евро

гиро порција 8 евра
морска храна порција (за еден) 10 евра
скара порција 10 евра

пиво точено (во кафуле) 2 евра
пиво мала флаша во кафуле 4 евра
кафе 3 евра
сок 4 евра
коктел 6 евра
жесток пијалак 6 евра

млеко за сончање 10 евра.

За сега цените се такви, и не се лоши, нели? Но веројатно во „шпиц“ сезоната малку ќе се зголемат.

А какво задоволство ќе си „купите“ за тие пари, погледнете во фотогалеријата.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....