09:41 - 11 јануари, 2026

(Фото+видео) Убавата Сања Кужет ослабела 18 кг: Водителката во тесни шорцеви и маица го покажа згодното тело

Српската водителка Сања Кужет го роди своето трето дете минатата година, а нејзиниот изглед се должи на напорните тренинзи што не ги прескокнува дури ниту на високите температури.

Сања е активна на социјалните мрежи во последно време, а сега на инстаграм-приказната објави фотографија пред и по тренингот.

На првата фотографија e во шорцеви и маица каде штотуку го покажа своето издание за во теретана, а кога завршила со вежбањето, се снимила во истиот лифт, само тогаш била цела испотена, но не ја симнала насмевката од лицето.

Инаку, водителката откри како ослабела 18 килограми.

– Најдебела бев во текот на бременоста, се здебелив 18 килограми. Меѓутоа, по шест месеци се вратив на мојата линија. Јас сум висока жена и нам ни е полесно. И кога се здебелуваме, некако сè сè убаво се распоредува и не е толку забележливо –  била искрена Сања тогаш и додала дека клучот за добар изглед дефинитивно е во изборот на намирниците и нивната подготовка.

– Го исфрлив лебот од својата исхрана. Генерално, не јадам јаглехидрати, бидејќи од нив само отекувам. Првото нешто од кое се откажав беше тоа прекрасно, топло печиво, кое толку многу го сакав. Верувајте ми, без јаглехидрати полесно ќе го поминете работниот ден, бидејќи тие влијаат на тоа да ни се спие. Кога ќе се ослободите од сè што ви го нарушува здравјето, ќе видите дека тоа ќе има позитивен ефект и врз вашиот изглед.

Кога станува збор за слатки, Сања рекла дека ги јаде само во посебни пригоди и многу ретко. Таа го црпи својот избор на шеќер од овошјето, кое редовно е на нејзиното мени. И тоа не е сè.

– Никогаш не сум била голем љубител на слатки. Штом почувствувам дека ми паѓа шеќерот, јадам малку овошје. Понекогаш земам и јагоди со шлаг, тоа мие супер – рекла убавата водителка, пренесува „Задовољна.рс“.

 

 

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....