08:12 - 6 април, 2026

(Фото) Тања Савиќ се одмара на Копаоник: Еве како и со кого ги полни батериите

По триумфот во Белград и Ниш, каде без реклами ги наполни салите и го доби прекарот српска Адел, Тања Савиќ реши да направи мала пауза и да замине на зимски одмор со семејството.

Од сите зимски дестинации, музичката ѕвезда го избра Копаоник, каде уживаше во сѐ што има да понуди српската планина.

Фото: Инстаграм/ tanja_savic

Тања е позната како некој што сака зимски спортови, па помина неколку дена на скијање, а со тоа ги наполни батериите пред продолжението на турнејата што ја очекува.

– Искрено, освен што физички се активирав и тоа ме радуваше, добро ми беше тоа што сум на планина да си ги разбистрам мислите и да соберам впечатоци за сѐ што ми се случуваше претходните месеци. Сè уште сум пресреќна, малку изненадена од количината на љубов што ја добив од публиката, а која ја вратив и ќе ја враќам – рече таа и додаде:

– Им благодарам на оние кои ме сакаат, ме одржуваа во сите времиња што се зад мене, а убедена сум дека нашите најдобри денови допрва доаѓаат – изјави Тања која ја чекаат два големи концерти во Краљево и Нови Сад, а потоа ја продолжува турнејата за која наскоро ќе објави нови термини.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....