7.8 C
Скопје
08:19 - 24 март, 2026

(Фото сторија) Зелен рај во Битола: Весна и Иле ни ги отворија вратите на дворот од најубавите фантазии

Разговараме со Иле, музичар, и со неговата сопруга Весна, вработена во „Веро“, и двајцата страсни љубители на природата, растенијата, цвеќињата, а тоа се огледува и во нивниот преубав двор од околу тристотини квадратни метри.

Имаме секојдневни обврски во дворот но кога се работи со љубов ништо не е тешко, фото-приватна архива

– Одгледувањето на цвеќиња не ни е професија, туку го работиме од љубов кон цвеќињата и сакаме дворот да ни изгледа убаво – ни открива Весна.

Дворот се простира на околу 300 квадратни метри и се наоѓа во битолската Лавчанска населба.

Изобилува со цвеќе и растенија, од дрво на животот, палми, сурфинија, сардели, џунџулиња, пламенчиња и бомбончиња, а во дворот доминираат разни видови на борчиња кои како што велат сопружниците „редовно ги резиме и обликуваме во различни форми“.

– Имаме секојдневни обврски во дворот но кога се работи со љубов ништо не е тешко, децидна е Весна.

– Сакаме секогаш дворот да ни изгледа убаво – ја дополнува Иле – тревата се коси еднаш неделно, борчињата се стрижат три пати годишно, фонтаната се чисти два пати месечно и секојдневно има наводнување.

Совет од Иле и Весна за сите оние што сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе?

– Да се работи со љубов и да се посвети големо внимание за редовно наводнување, прихрана, прскање од разни штетници, соодветни саксии – советуваат тие.

Инаку, Иле и Весна се членови на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото- приватна архива

(Фото сторија) Сончев двор во сончевата Гевгелија, Васка Илиева е трократна шампионка – шивачка, готвачка и негувателка на цвеќе

Слични објави

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо
Се вчитува....