7.8 C
Скопје
08:49 - 31 март, 2026

(Фото сторија) Чевлите се огледало на душата? Да, ама и цвеќето! Во дворот на Наташа Цветковска во Куманово

Денес разговараме со Наташа Цветковска, чевларски работник, голема љубителка на цвеќе, а со цвеќарство се занимава од многу одамна. 

Фото-приватна архива

Наташа и сопругот се грижат за голем двор, од 600 квадратни метри, кој се наоѓа во кумановската населба Ајдучка чешма.

– За одгледување на цвеќињата и растенијата и грижа за дворот сме одговорни јас и мојот сопруг кој е исто така голем љубител на цвеќе – ни открива Наташа.

Ваквата убавина си бара и голема посветеност, а тие посветуваат по најмалку два часа дневно на дворот.

– Во дворот доминираат сарделите бидејќи тие цветаат цело лето и не бараат многу внимание, исто така ги сакам и петуниите и сурфините кои бараат многу внимание и посветеност – вели Наташа.

Кога дворот е во прашање, таа сака да ужива во убаво среден двор и да им се восхитува на цвеќињата кои вниманието кон нив го враќаат со преубави цветови – како што ни раскажува нашата соговорничка.

За крај, прашуваме за совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство.

– Како прво, треба да бидат големи љубители на цвеќе, а за почеток би препорачала цвеќиња што не бараат големо внимание, а се убави украси во дворовите – вели Наташа.

Инаку, Наташа е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од преубавиот двор преку фотогалерија.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Валентина ни ги отвори вратите на нејзиното уметничко царство во с. Ропотово: Инспириција од мирисот и магијата на природата

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....