-1.2 C
Скопје
05:45 - 11 март, 2026

(Фото сторија) Блеска дворот на Јета и Агрон Реџепи на брегот на Преспанско Езеро: Се грижат за дрвјата како за мали деца

Во село Асамати во Преспа, на брегот на Преспанско Езеро, блеска дворот на Јета и Агрон Реџепи.

Фото-приватна архива

Гсопоѓа Јета е вработена во Swisslion Agroplod Ресен, Агрон пак, е приватен стопанственик и производител на јаболко.

Дворот има околу 400 метри квадратни, а заедно го средуваат.

Доминираат зимзелени дрвца, повеќето се туја смарагд, фотинии како и Зимзелена Магнолија кли Магнолија Грандифлора. Од листопадни има Каталпа, Саликс (вид на врба), и некои други листопадни дрвја.

– Цвеќе освен 2 рози на стебло не сме ставиле поради немање многу слободно време, цвеќињата бараат повеќе нега од зимзелените растенија- ни откриваат Јета и Агрон.

Омилени им се фотиниите – велат- поради тоа што преку цела година имаат лист и се со живи бои кога вегетираат.

– Самото одржување на дворот е предизвик, има ситуации кога некои од дрвцата боледуваат од некоја болест или се сушат, па самото тоа предизвикува ситуација да започнеш постапка за да го спасиш и буквално се грижиш за дрвцето како за мало дете – ни објаснуваат Јета и Агрон.

Ги прашуваме за градинарски совет за оние кои допрва би сакале да почнат со уредување двор:

– Би им препорачал на оние кои ќе почнат со одгледување и средување на двор, најпрво да направат план и скица што и каде ќе засадат во дворот, зашто се работи за долгогодишни растенија и понекогаш се случува грешките да ги видиш после неколку години кога нема да може да правиш рокади или пресадувања и да внимаваат од штетници – советува господин Агрон.

Инаку, Агрон е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Јета и Агрон.

Фото – приватна архива

(Фото) Кралица на цвеќињата со уметничка душа, пензионерката Невенка ни ги откри тајните на нејзиното цветно царство

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....