03:40 - 2 февруари, 2026

(Фото) Стјепан Хаусер се ожени со Украинката Марија? Објавија фотографии во бело

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер предизвика шпекулации за тајна венчавка по објавите на Инстаграм.

Имено, музичарот предизвика интересе и покрена прашања дека се оженил со Украинката Марија откако објави заеднички фотографии со неа облечени во бела облека.

Иако тој никогаш не ја потврди својата врска со убавата Украинка, веќе извесно време на социјалните мрежи кружат фотографии на кои тие изгледаат мошне вљубено.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)


Хаусер и претходно објавуваше фотографии со својата потенцијална партнерка, меѓутоа, овие ги збунија сите, бидејќи убавата двојка е облечена во бело и позира на ексклузивен глисер. Поради нивниот „бел“ стајлинг, обожавателите се сомневаат дека тајно се венчале.

Бидејќи фотографиите предизвикаа реакции кај корисниците на интернет, сите се прашуваат дали ова е вистина, но немаше одговор.

– Дали конечно го направија тоа?

– Се венчаа?

– После сè Марија, ти и јас.

– Честитки, ви посакувам многу деца – беа дел од коментарите на следбениците.

Да потсетиме, кон средината на јануари оваа година, Хаусер објави во своите видеа на Инстаграм каде што мистериозна дама позираше во фустан додека стоеше на балкон.

– Мистериозна дама. Мистериозна дама. Таа е таа вистинската, всушност. Никој не знае која е таа. Тоа е мистериозна дама – повторувал Хаусер пред камерата.

Хаусер неколкупати позираше со бринетата, но секогаш остануваше мистериозен кога стануваше збор за неа.

Претходно, и Марија објави фотографии со Стјепан на кои позираа покрај базен.

– Еден и единствен – напишала таа во описот на објавата и го означила хрватскиот виолончелист.

Хемијата меѓу нив е присутна и сите ја забележаа, тоа може да се види особено во видеата и фотографиите од нивните заеднички патувања, а особено во еден од настапите на Хаусер каде што може да се види како двојката разменува погледи и допири.

Инаку, Хаусер е поранешен свршеник на хрватската пејачка Јелена Розга.

 

 

Слични објави

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо
Се вчитува....