16:41 - 7 април, 2026

(Фото) Средба со уметницата Моника Блажевска: Мојата Елена Тројанска е моќ и енергија

На изложбата на уметницата Моника Блажевска на 26ти јули во „Оз Гарден Корнер“ со почеток во 20 часот, ќе бидат претставени дваесетина уметнички дела во различни техники и триесеттина уникатни модни додатоци од свила во комбинација со парчиња облека.

Младата уметница Моника Блажевска ја подготвува својата четврта самостојна изложба, која повторно е спој на модата и уметноста, а на тема инспирирана од Елена Тројанска која инаку, важи за една од најубавите жени од старогрчката митологија.

Зошто Елена?

– Затоа што секоја жена сака да биде убава, затоа и сум инспирирана од Елена Тројанска. Не само нејзината убавина туку и нејзината посебна енергија која освојува територии е доволен предизвик и тема за развој на моето сликарство и модни креации.

Колку креации ќе бидат претставени на изложбата и каква е поврзаноста на модерните дизајни со античката традиција и од друга страна, со уметничките слики што ќе ги претставиш?

– Главен мотив е анатомијата на коњот која е претешка и ја работам со месеци. Женската силуета исто така е насликана во еден колоритен и енергичен стил, т.н. експресионизам. Материјалите пак, играат голема улога во пренесувањето на едно античко време. Ленено платно, дрво, свила. Ќе бидат претставени околу дваесет уметнички дела во различни техники и триесеттина уникатни модни додатоци од свила во комбинација со парчиња облека.

Кому е наменета колекцијата на слики, а кому дизајните?

– Мојата уметност и израз е поинаков и секогаш уникатен. Создавам уметност за сите оние кои уживаат во неа и ја доживуваат со воодушевување. Кога некој ќе подзастане и ќе заборави што сакал да каже, или пак останал без зборови, тоа е уметност. Ете тоа е Елена. Моќ. Енергија.

Кои според тебе се македонските современи Елени кои би можеле да ги носат креациите?

– Имаме многу убави македонски Елени. Секоја само треба да знае да ги носи креациите. Можам да ја искоментирам помладата генерација дека е многу храбра, знаат што сакаат уште на дваесет години.

За најава на колекцијата самата послужи како модел за фотосесија, а во преден план е сексапилноста. Како ја дефинираш сексапилноста?

– Сексапилот е она што зрачи. Јас, во улога на Елена, се потрудив низ фотографија да пренесам уметност и креација во антички стил. Да, навистина, дел од моето тело е видливо голо, но сепак има доза на хуманост.

Кои се денешните најголеми предизвици на една млада уметница да се избори за своето место на уметничката сцена?

– Одамна го имам позиционирано своето место во уметноста. Стартував самостојно на свои дваесет и пет години, и оттогаш до денес низ многу предизвици и проекти веќе осум години го градам својот бренд под името „Бм Дизајн Моника”, полека но сигурно.

Фото Аверел

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....