2.8 C
Скопје
02:39 - 14 март, 2026

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ покажа на кого личи малиот Перун: Со урнебесни фотографии го шокираше и водителот

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ недоамна добија син, кој го нарекоа Перун.

Водителот и сопругата го користат секој момент да го поминат со својот наследник, а често споделуваат фотографии од него со своите следбеници на социјалните мрежи.

Тоа го направи и овој пат кога сподели заедничка фотографија со Огњен и нивниот син, а многумина забележаа една работа.

Имено, Перун има бушава коса која е иста како на неговиот татко, а Мина тоа сликовито и духовито го објасни, алудирајќи дека синот е ист како неговиот татко.

– Најдете ја разликата – напиша таа кратко покрај фотографијата.

Да потсетиме, Огњен откри како се одлучил за името Перун и како се чуствува што вторпат станал татко.

– Јас сум крив што не бев со сопругата и синот првата вечер, но утре ќе надокнадам. Мина успеа сето тоа да го надмине, навистина ужива. Секако дека ќе ѝ помогнам и ќе ја поддржам како што таа ме поддржува мене. Таа е личност која кога ќе преземе нешто да направи, 100 проценти се обврзува на тоа и работи без грешка. Таа има мајчински инстинкт, мајка си е мајка, толку – изјавил водителот.

– Долго време размислувам за името, веќе некое време ми се допаѓа името Перун. Кога го предложив, на Мина ѝ се допадна. Навистина го почитувам сечиј избор. Чудно ми беше името, до ден денес не познавам некој Огњен кој е постар од мене, тогаш беа модерни други имиња. Сакав име кое е необично, кое има врска со нашата традиција и е необично. Силно име, кратко, јасно, се надевам дека ќе ми донесе среќа – објаснил тој.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....