08:53 - 2 април, 2026

(Фото) Слобода Миќаловиќ за првпат во јавност откако беше претепана: Еве како изгледа актерката

Српската актерка Слобода Миќаловиќ неодамна беше примена во Ургентниот центар во Белград, откако во полиција се пожалила на повреди кои ѝ ги нанела извесна жена С.Д.(47) по расправија на паркингот на „Караѓорѓев трг“.

Сега, фотографите на „Блиц“ ја „уловија“ Слобода на аеродромот, по враќањето од Германија со колегата Вук Костиќ. Тие ја одиграа претставата „Детски повреди“ во Франкфурт, Германија, по што имаше голем аплауз од публиката.

На фотографиите може да се види дека актерката носела тренерки и капа со која го криела лицето, а судејќи по кадрите изгледала расположена, по инцидентот што се случи во Земун.

Да потсетиме, конфликтот се случил на плоштадот Караѓорѓев, додека актерката го паркирала своето возило. Според полицискиот извештај, 47-годишната жена ја обвинила Миќаловиќ дека ја удрила во пределот на коленото со нејзиниот автомобил, обвинение кое актерката го демантира.

По вербалната расправија, ситуацијата прераснала во физичка пресметка – жената почнала да ја влече актерката за коса и ја извлекла од автомобилот. И двете учеснички во расправијата побарале лекарска помош, а полицијата веднаш започнала истрага за околностите во кои се случил конфликтот, имајќи ги предвид изјавите на двете страни.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, гореспоменатата С.Д. може да се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....