23:02 - 7 април, 2026

(Фото) Скандал во шоуто „Звезде Гранда“: Цеца ѝ го крена фустанот на натпреварувачката

Новото издание на емисијата „ Ѕвезде Гранда “ донесе веќе добро позната драма. Имено, жирито повторно тргна во војна поради стајлингот на пејачите.

Имено, Ана Бекута го коментираше изгледот на натпреварувачката Милица Костадиновиќ , која се појави во сребрен комбинезон кој повеќе откриваше отколку што покриваше, а тоа не ѝ се допадна на Бекута.

– Да видев дека носиш танга гаќички немаше да гласам за тебе. Не сум за тоа наши кандидатки да се појават така, не е важно кој век е. Ниту една девојка во иднина нема да го добие мојот глас ако се појави во танга. Милица, прости ми, но таков е мојот став – рекла Ана, додека Милица се правдала дека не носи танга.

– Како не носиш? Сврти се – ѝ одговорила пејачката.

– Се облеков вака затоа што верувам дека не секој има можност да застане на оваа сцена и треба максимално да се почитува „Ѕвезде Гранда“ – рече Милица, по што Поповиќ побара од Цеца да провери дали натпреварувачот навистина носи танга.

– Колку си убава, колку си млада! Девојката носи боди. Детето е згодно, младо и бистро – заклучила Цеца, а Бекута продолжила да коментира:

– Боди со танга! Ова не е за сцена, збогум.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....