10.8 C
Скопје
20:02 - 17 март, 2026

(Фото) Скандал во шоуто „Звезде Гранда“: Цеца ѝ го крена фустанот на натпреварувачката

Новото издание на емисијата „ Ѕвезде Гранда “ донесе веќе добро позната драма. Имено, жирито повторно тргна во војна поради стајлингот на пејачите.

Имено, Ана Бекута го коментираше изгледот на натпреварувачката Милица Костадиновиќ , која се појави во сребрен комбинезон кој повеќе откриваше отколку што покриваше, а тоа не ѝ се допадна на Бекута.

– Да видев дека носиш танга гаќички немаше да гласам за тебе. Не сум за тоа наши кандидатки да се појават така, не е важно кој век е. Ниту една девојка во иднина нема да го добие мојот глас ако се појави во танга. Милица, прости ми, но таков е мојот став – рекла Ана, додека Милица се правдала дека не носи танга.

– Како не носиш? Сврти се – ѝ одговорила пејачката.

– Се облеков вака затоа што верувам дека не секој има можност да застане на оваа сцена и треба максимално да се почитува „Ѕвезде Гранда“ – рече Милица, по што Поповиќ побара од Цеца да провери дали натпреварувачот навистина носи танга.

– Колку си убава, колку си млада! Девојката носи боди. Детето е згодно, младо и бистро – заклучила Цеца, а Бекута продолжила да коментира:

– Боди со танга! Ова не е за сцена, збогум.

Слични објави

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, ѝ го зафатило и срцето

Еспресо

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Е.А.

Дали е време за укинување на Оскарите? Церемонијата се соочува со обвинувања за дискриминација, пад на гледаноста и игнорирање од ѕвездите

Еспресо

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.
Се вчитува....