09:21 - 6 април, 2026

(Фото) „Ситуацијата не е наивна, повредата е сериозна“: Ѓани доживеа страшна несреќа во Италија, се огласи пејачот и ги откри деталите

Српскиот фолк пејачот Радиш Трајковиќ Ѓани се повреди на скијање во Италија, а сега се огласи неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ која откри колку е сериозна ситуацијата.

Слаѓа откри дека Ѓани, кој синоќа тргнал за Белград, има оток, како и дека ќе мора да се оперира откако ќе спласне отокот.

„Тоа што го слушнавте е вистина. Ја повреди раката, ситуацијата не е наивна, мислам, сериозна повреда е. Ќе мора да се оперира, но само откако ќе се намали отокот. Сега е на пат накај дома и ќе видиме што ќе се случува понатаму“, изјавила таа за „Блиц“.

По Слаѓа, се огласи и Ѓани.

„Полека се враќам дома, паднав, се искршив. Раката ми е скршена на пет места. Кога отокот ќе се намали, одам на операција“, изјавил тој за „Блиц“.

Сепак, поради тешката повреда и опоравувањето кое секако ќе биде долго, Ѓани ќе мора да ги откаже сите настапи кои се закажани во наредниот период.

Фотографиите од повредениот Ѓани во Италија можете да ги погледнете – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Голи раменици, без градник: Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....