21.8 C
Скопје
18:18 - 5 април, 2026

(Фото) Сека Алексиќ вмешана во нов скандал: Уште еден поранешен соработник ја оцрни

Сека Алексиќ во последните денови се најде во центарот на вниманието поради изјавите на нејзините поранешни соработници. По тоа што нејзиниот некогашен тапанар Огњен Мартиновиќ изнесе обвиненија дека пејачката, по апсењето во Цирих, ги оставила без работа и во тешка финансиска ситуација, сега се огласи и нејзиниот поранешен пријател и соработник Станислав Закиќ.

Закиќ, кој заедно со Сека го подигнал модниот бренд и бил нејзин креативен директор и стилист, години наназад важел за блиска личност. Бил покрај неа на речиси сите приватни и деловни патувања, а нивното пријателство тогаш делувало нераскинливо. Сепак, во март минатата година Станислав преку социјалните мрежи соопшти дека ја прекинува соработката со пејачката. Тогаш и двајцата истакнаа дека меѓу нив нема конфликт и дека останале во коректни односи.

Сè до сега — кога Закиќ јавно го поддржа поранешниот тапанар на Сека, споделувајќи ја неговата објава за инцидентот во Швајцарија. Набргу потоа упати и остри зборови за сметка на Сека и за Боки 13, на кого Сека во Скопје му подари тренерка од брендот што Закиќ некогаш го подигнал со неа.

– Да знаев дека брендот што јас го направив ќе го носи Боки 13, уште тогаш би се откажал! – напиша Закиќ.

– ТВ емисиите што му даваат релевантност се виновни што денес секој шљам мисли дека има право на став и мислење! – додаде тој.

– Најдобра српска изрека: „Ја сам те родила, јас ќе те убијам!“ – напиша тој во една објава, која сите ја поврзаа со Сека.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....