06:39 - 3 април, 2026

(Фото) Прва објава на ќерката на Саша Поповиќ: Во болката по смртта на татка си, ги сподели овие зборови…

Ќерката на основачот и креативен директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, Александра Поповиќ, се огласи откако го загуби својот татко.

Таа на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија од својот татко, а во пораката изрази благодарност до сите кои се со неа и нејзиното семејство во овој тежок период.

„Им благодарам на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашата болка. Семејството Поповиќ“, напиша ќерката на Саша, заедно со емотикон со бело срце и раце кои се молат.

За потсетување, креативниот директор и основач на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, почина на 1 март 2025 година, по кратко и тешко боледување.

Девет месеци се бореше со ракот, поради што се лекуваше во една од најдобрите клиники во Европа.

Последните денови ги помина во Париз, во болница, опкружен со семејството и со најдобрите пријатели.

Погребот ќе се изврши во четврток на 6 март на Бежанијските гробишта.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....