13.8 C
Скопје
16:32 - 28 октомври, 2026

(Фото) Прва фотограграфија од синот на Анастасија и Немања Гудељ: Откриено е и името на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ станаа родители на момче. Гордата мајка се породила вчера, на 15 јули во Шпанија, а семејствата Ражнатовиќ и Гудељ ќе го прослават овој важен настан заедно.

Родителите на момчето му го дале името Илијан, а на социјалните мрежи ја објавиле иста фотографија и ист напис.

 

„Илијан Гудељ. 15.07.2026, слава на Бога“, пишува покрај фотографијата од раката на бебето.

Како што наведува српски „Блиц“, Анастасија се породила во приватна клиника во Севиља, каде што таа и фудбалерот имаат семеен дом и живеат откако се венчаа.

Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се добро.

Анастасија и Немања ја прославија и третата годишнина од бракот, па бебето пристигна како најголем и најсладок подарок.

„Среќна трета годишнина од бракот, љубов моја! Секогаш да ме носиш вака кога ме болат нозете. Те сакам најмногу“, напишала Анастасија со објавата што ја споделила на денот кога се родило бебето.

Слични објави

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.
Се вчитува....