13.8 C
Скопје
13:22 - 28 октомври, 2026

Почина Горан Булатовиќ Манза, еден од основачите на „Партибрејкерс“

Горан Булатовиќ Манза, тапанар и еден од основачите на легендарната српска рок-група „Партибрејкерс“, почина на 67-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја соопшти самиот бенд преку објава на својата официјална фејсбук-страница.

„Партибрејкерс“ се простија од својот долгогодишен член со кратка и емотивна порака, нарекувајќи го Манза неповторлив и заблагодарувајќи му за сè што оставил зад себе.

Бендот „Партибрејкерс“ е основан во 1982 година во Белград. Покрај Горан Булатовиќ Манза, меѓу основачите се и фронтменот Зоран Костиќ – Цане, како и гитаристите Љубиша Костадиновиќ и Небојша Антонијевиќ – Антон.

Првиот настап го имаа на 4 октомври 1982 година во белградскиот „Дадов“, како предгрупа на составот „The Fifties“. Оттогаш започна нивната кариера, а „Партибрејкерс“ прераснаа во еден од најзначајните рок-бендови на просторот на поранешна Југославија.

Во текот на повеќе од четири децении, групата остави силен белег на регионалната музичка сцена со својот препознатлив гаражен рок-звук и хитовите што станаа антологиски.

Засега не се објавени причините за смртта на Горан Булатовиќ Манза, ниту информации за погребот.

Слични објави

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....