18.8 C
Скопје
16:39 - 15 март, 2026

(Фото) Прослава во домот на Лила Филиповска: Водителката со емотивна објава ѝ го честиташе 80. роденден на мајка си

Лила Филиповска е многу активна на социјалните мрежи, но приватниот живот вешто го чува подалеку од јавноста. Лила ретко зборува за семејството, но понекогаш знае да се присети на детството во Шведска, каде што е родена.

А, сега водителката имаше повод за славење, па направи исклучок. Имено, таа сподели низа фотографии со своето семејство по повод 80. роденден на нејзината мајка.

Во домашна атмосфера, мајката на Лила ги дувна свеќичките на тортата украсена со рози. А, освен водителката на фотографиите може да ги видиме и нејзиниот син Филип, како и братот на Лила со своето семејство. Иако, нејзината сестра не била присутна, Лила откри дека се вклучила на вибер за да биде дел од прославата.

„Нашата мајка кралица денес полни 80 години.

И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка. За сè што нè научи , за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир…два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме … иако никогаш не го бараше тоа од нас.

Ти фалеше твојата Маце ама ја вклучивмe на вибер па бевме комплетни. Те сакаме мама и да ни живееш уште доооолго, дооолго“, напиша Лила покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....