3.8 C
Скопје
01:04 - 20 март, 2026

(Фото) „Паметната куќа“ на Николина Пишек во ужасна состојба: Имотот е повлечен од продажба

Николина Пишек „паметната куќа“ која ја градеше со денес починатиот историчар на уметност Видоје Ристовиќ, по неговата смрт ја огласи за 1.700.000 евра. Меѓутоа, тој оглас беше набрзо повлечен и вилата не била продадена.

Куќата што почнаа да ја градат пред неколку години, кога беше жив Видоје, е речиси завршена. Луксузната вила е изградена во 2012 година и се простира на површина од 420 метри квадратни, сместена во Загреб.

Иако неодамна беше огласена на продажба за неверојатна цена од 1.700.000 евра, огласот е симнат, а вилата денес не е во најдобра состојба.

принтскрин

Иако е завршена однадвор, вилата во која никој не живее, останува целосно запуштена, без ограда, опкружена со растенија и трева, а дворот никој не го одржува.

Зад куќата има базен кој е полн со вода, иако таму никој не живее, а внатрешноста на „паметната“ куќа не е завршена, пренесува српски Курир.

Вилата се состои од вкупно пет соби, односно голема дневна соба, кујна со пристап до базен, три спални соби и простор за персонал.

По смртта на сопругот, Николина наишла на проблем бидејќи не можела да ја продаде вилата во Загреб, зашто наводно ќерката од првиот брак на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ поднела тужба против неа со барање имотот да се подели.

 

 

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....