11:41 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) Ова е таткото на Јована Јеремиќ: Ретко се појавува во јавноста, а една работа му пречи кај ќерката

Водителката Јована Јеремиќ со јавноста ги споделува речиси сите моменти од приватниот живот, а за разлика од нејзината ќерка, нејзините родители не сакаат премногу да се експонираат.

Јована не крие дека е многу приврзана за семејството, а сега на својот Инстаграм профил сподели фотографија со својот татко кого ретко го гледаме во јавноста.

– Тато, те сакам – напиша водителката која не ја тргна насмевката од лицето, а таму беше и нејзината ќерка Леа.

Фото: Инстаграм

Таткото на Јована Јеремиќ само еднаш проговори за успехот на својата ќерка.

– Повеќе од горд сум на неа. Секогаш велам: „Браво, ќерко, само напред!“. Не ми се допаѓа нејзиното често спомнување на интимните врски. Многу е искрена и фер, мора малку да забави. Таа е добра и многу паметна жена, но мора да се коригира – изјавил тој.

– Следам што се пишува за неа, кога сум слободен читам. Гледам дека успеала, сѐ постигнала сама. Некои работи си ги носи од дома, никогаш не ја учевме за лоши работи… Беше многу паметно дете, одеше на училиште, а јас не знаев ни во кој клас оди… Секогаш бев сигурен во неа и некогаш ѝ велев дека не мора да оди, ќе ѝ ги оправдам часовите – додал тој.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....