01:06 - 3 април, 2026

(Фото) Новата девојка на Венсан Касел е копија на Тина Кунаки: „Нејзиниот најголем сон е да стане актерка“

Францускиот глумец и заводник Венсан Касел, поранешен сопруг на Моника Белучи, сега се одмара во Рио де Жанеиро со својата нова љубовница, 27-годишната австралиска манекенка со бразилско потекло Нара Баптиста. Долго време се зборуваше за нивната романса, но потврдата стигна дури сега.

Винсент и Нара беа и претходно „уловени“ од папараците, но секогаш беа во друштво со пријатели. Сега пак, конечно се „фатени“ сами.

Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм

Винсент Касел, може да се каже, ја потврди својата афера со Нара. Манекенката на социјалните мрежи објави фотографија од актерот која тој веднаш ја постираше на својот Инстаграм профил. Фановите на Касел забележале и дека тој двосмислено ги коментира нејзините фотографии. На пример, под една од провокативните објави, тој напиша: „Не можам да се наситам од тебе“.

Нара Баптиста, Инстаграм
Тина Кунаки, Инстаграм

Според многу корисници на социјалните мрежи, Баптиста е многу слична на Тина Кунаки, последната сопруга на актерот, со која тој се раздели во април 2023 година. Да потсетиме, парот во 2019 година ја доби ќерката Амазони. Исто така, во претходниот брак со Моника Белучи, актерот стана татко на уште две ќерки – Дева и Леони.

Инаку, новата љубовница на глумецот, Нара, е родена во Бразил, а извесно време живеела во Австралија, каде што ја започнала својата манекенска кариера, учествувајќи на изборот за Мис Универзум, претставувајќи ја земјата. Девојката влезе во 15-те најубави учеснички, но не влезе во топ 10.

Нејзиниот најголем сон е да стане актерка.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....