7.8 C
Скопје
00:54 - 19 март, 2026

(Фото) Нина Бадриќ со трогателна објава: Десет години ме чуваш од некое подобро место

Хрватската пејачка Нина Бадриќ (52) била исклучително блиска со својот татко Симо, а неговата смрт длабоко ја потресла.

Денеска се навршуваат 10 години од неговата смрт, а Нина му посветила трогателна објава на Инстаграм.

„Десет години ме чуваш од некое подобро место. Те сакам тато“, напишала Бадриќ покрај црно-белата фотографија на татка си.

Таткото на Нина починал од срцев удар. Неговата смрт толку многу ја погодило што таа се повлекла од јавноста и долго време немала сили да се врати на сцената.

„Најдобриот човек што некогаш сум го запознала беше мојот татко. Тој беше мојата најголема поддршка во сè. Тој беше олицетворение на добрината, со благи зборови и со меко срце. Многу ми недостига… Да молчиме заедно, да прошетаме низ паркот или наеднаш да ми дојде наутро, да ми свари кафе и да ме чека да се разбудам. Секогаш се чувствувам гордо кога ќе ми кажат дека сум исто како татко ми. Тато, твојата „вредна пчела“ неописливо те сака. Додека повторно не се сретнеме, ќе те чувам во сè“, напишала Нина во една прилика на социјалните мрежи.

 

 

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....